Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Или ќе се бориме и ќе победиме, или ќе ја нема Македонија

Мицкоски: Или ќе се бориме и ќе победиме, или ќе ја нема Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протестот пред Владата изјави дека на многу луѓе веќе им е прекипено. 

Вели дека ќе се бори, затоа што другиот избор е Македонија веќе да не постои. 

„Или ќе се бориме и ќе победиме, или ќе ја нема Македонија. Имаме ли избор? Ова мора на секого да му биде јасно“, прашува Мицкоски. 

Вели дека ќе изгади силна држава со добра економија. Рече дека секој поединец е важен за овој процес. 

„Слабите луѓе ни ги донесоа овие неподносливи времиња. Силните луѓе пак носат подобри времиња. Ќе бидам искрен како и секогаш, премногу е“, изјави Мицкоски. 

Обвини за лоши и предавнички договори, понижувања, и рече премногу е поради луѓето кои невини седат во затворите и поради виновните кои не се во затворите. Најави историски триумф. 

„Гледајќи колку народ е излеан пред Владата, знам дека тоа многу брзо ќе се случи. На секоја власт на која и се случил народ, прашање е кога ќе се втурне во провалијата“, рече Мицкоски. 

Ги повика граѓаните заедно да се изборат, на како што рече оваа криминална ера на СДСМ и ДУИ. Вели дека Македонија сега е во рекордер по три работи во Европа, криминал, мал економски раст и низок стандард. Кажа дека инфлацијата го „јаде“ секој домашен буџет. Како друг проблем го посочи и фактот, дека со години чекаме датум за старт на преговори со ЕУ. Вели дека врз Македонија се врши политичка агресија. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести