Мицкоски и владина делегација ќе се сретнат со владетелите на Дубаи и Абу Даби
Премиерот Христијан Мицкоски ќе предводи владината делегација и ќе остварат средба со шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ. Средба ќе има и со претседателот на ОАЕ воедно и владетел на Емиратот Абу Даби, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чијашто покана и се остварува оваа посета.
Со Мицкоски во Абу Даби ќе патуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции.
„За време на посетата, планирани се повеќе средби на највисоко ниво, како и средби со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, како и средби со неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија“, соопштија од Владата.
