Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски и Тошковски на празникот отворија реновирана сала во Куманово

Мицкоски и Тошковски на празникот отворија реновирана сала во Куманово

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Денот на Републиката празнуваа со промовирање на реновираната спортска сала во Куманово, каде што се играше кошаркарскиот меч помеѓу Македонија и Романија.
Ова може да се види од фотографиите кои ги објави градоначалникот на Куманоово, Максим Димитриевски, но тоа го направи и самиот премиеr.
Претхоодно, Мицкоски го одбележа „Илинден“ во Скопје и Ташмаруништа, додека Тошковски беше во Трново.

„По повод големиот национален празник, со гордост и симболично, ја отворивме реновираната спортска сала во нашиот град, преку кошаркарски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Романија – почеток на претквалификациите за Светскиот куп 2027.

Како Градоначалник, ми беше чест и задоволство да ја прогласам салата за отворена, со искрена желба тука да се одржуваат бројни културни и спортски манифестации кои ќе ја збогатуваат историјата на Куманово“, објави Димитриевски.


Слично

Поврзани вести