Мицкоски и порача на власта: Погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, ова нема да се заборави
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и денеска со остра критика до Владата. Во постот на Фејсбук пишува дека денешните колони возила кон Србија покажуваат дека луѓето сами се снаоѓаат во однос на добивањето вакцина.
-Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре. Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта. Македонија живее полоши години од деведесеттите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата. Порака до власта: погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам. Ова нема да се заборави, одговорност ќе има, напиша .
Слично
