Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ И ФИЛИПЧЕ ЗАКАЖАА СРЕДБА: Утре во Владата ќе разговараат за важни прашања

МИЦКОСКИ И ФИЛИПЧЕ ЗАКАЖАА СРЕДБА: Утре во Владата ќе разговараат за важни прашања

Средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче ќе има утре во Владата, во 14 часот. 

„Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, велат од Владата.

Во изјава за медиумите во Штип, Мицкоски искажа подготвеност за средба со Филипче, кој денеска повика на политички и општествен дијалог.

Лидерот на СДСМ рече дека прво треба да оствари тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски бидејќи, како што рече, тој прв подал рака и рекол дека средбата е прифатлива. Подоцна би дошла предвид и средба со лидерите на парламентарните партии. 

Слично

Поврзани вести