Мицкоски и Филипче на средба во Владата
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ - Христијан Мицкоски и Венко Филипче, остварија средба во Владата на која се разговараше за менаџирање на најкрупните проблеми што излегоа на површина по трагедијата во Кочани.
- Во овој состанок нема никаква етничка димензија, сите се поканети, сите лидери треба да присуствуваат понатаму на состаноците, зошто ова е за доброто на државата. Ова е иницијатива што се случи по она во Кочани, рече Филипче пред средбата.
Премиерот пак објави краток коментар и фотографии од средбата со Филипче.
„Средба каде разговараме за актуелните случувања, и од која сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност и се повеќе од потребни на Македонија!“, објави Мицкоски.
Слично


