Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски и Апасиев со поддршка за малиот Давков

Мицкоски и Апасиев со поддршка за малиот Давков

Опозициските лидери Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев како претседатели на ВМРО-ДПМНЕ и Левица изразија поддршка за осмооделенецот Дамјан Давков, кој заедно со неговиот наставник не може да добие награда, иако е првак по математика, бидејќи бил во осмолетка, а се натпреварувал во ранг на средношколци. 

„Ваков талент во нормална држава ќе беше бисерот кој една влада ќе го чуваше, помагаше и стимулираше како најголема надеж. Но, не и во нашата земја. По втор пат во рок од два месеци му било одбиено барањето од страна на МОН за парична награда за освоеното прво место на државниот натпревар. МОН го одбива, не затоа што Дамјан е лош, туку затоа што е добар, затоа што како осмоодделенец стана државен првак по математика за I година средно образование и како основец не го следувала.

Тоа што Дамјан е шампион му е пречка, а не предност. Ова се случува кога државата не штити вредности, кога неквалитетот го гуши квалитетот. Дамјан шампионе, животот како што гледаш не е фер. Благодарам за сѐ што правиш. Извини во името на сите ние кои имаме обврска да се бориме, а не успеваме да ги исправиме неправдите, затоа што ти тоа не го заслужуваш“, напиша Мицкоски на Фејснук.

Давков од Штип и неговиот наставник, иако се прваци во земјава на сите натпревари по математика, не успеале да ја добијат паричната награда, бидејќи прописите на Министерството за образование утврдиле дека детето е во осмолетка. Иако тој се натпреварува во конкуренција со средношколци и е најдобар, ова министерството сепак одлучило да не му ја даде наградата.

„После случајот со талентираното штипјанче Дамјан, на кое министерката Мила Царовска - повикувајќи се на словото на ЗАКОНОТ - не му даде награда затоа што бил основец, а победил на математички натпревар со средношколци (!?), редно време е да размислиме повторно за воведување на природно-правниот концепт на ПРАВИЧНОСТА (лат. Aequitas) како извор на правото!

Правичноста со векови била извор и во Римското, а до ден денес таа е извор во Англо-саксонското право, баш поради вакви случаи - кога слепото почитување и буквалистичкото толкување на нормите и одредбите од формалното/позитивно право, може да доведе до апсурдни и неправични правни последици во праксата“, објави Апасиев.


Слично

Поврзани вести