Мицкоски: Груби, Османи и Ахмети лицитираат со промена на Уставот, а тоа го потврдува администраторот Ковачевски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Артан Груби, Бујар Османи и Али Ахмети лицитираат со промена на Уставот, а тоа го потврдува администраторот Димитар Ковачевски.
Тој рече дека нема да поддржи шверцерско решение со Бугарија.
„ВМРО-ДПМНЕ таков пазар, скриен и позади очите на јавноста, идната Влада, што и да се договори, еве ова е порака и до Петков и до Радев и до сите останати што го фасилитираат тој процес – нема намера да поддржи“, вели Мицкоски.
Мицкоски додаде дека напротив, преговарачките позиции би се засилиле доколку власта ја поддржала Декларацијата за Гоце Делчев.
Слично
