Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: „Апасиев имаше бланко понуда од ВМРО, но тој одлучи да прави планови каде ќе ужива летово, од Левица продолжуваат да се однесуваат како џанаци

МИЦКОСКИ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: „Апасиев имаше бланко понуда од ВМРО, но тој одлучи да прави планови каде ќе ужива летово, од Левица продолжуваат да се однесуваат како џанаци

Коментирајќи ја изјавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој рече дека тие даваат бланко поддршка само Албанец да не биде претседател на Собранието, Мицкоски рече дека Апасиев пред изборите имал бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство, но тој „одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хургада или на некоја друга грчка плажа“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на денешната седница за конституирање на новиот состав на Собранието изјави дека ја очекува поддршката на сите оние што застанале зад кандидатурата на Африм Гаши од Алтернатива да биде новиот претседател на законодавниот дом.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој како носител на листата за пратеници во изборната единица 1 на коалицијата „Твоја Македонија“ обезбеди пратеничко место, остро одговори на изјавата на лидерот на Левица Димитар Апасиев, кој во изјава за медиумите пред него рече дека тие даваат бланко поддршка само Албанец да не биде претседател на Собранието.

Прашан за коментар во врска со изјавата на Апасиев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и извесен иден мандатар за состав на идната влада одговори:

„Уф, треба ли да го коментираме Димитар Апасиев. Димитар Апасиев пред изборите имаше бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство. Тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хургада или на некоја друга грчка плажа. И како што еден од неговите поранешни сопартијци вели дека тие биле група на џанаци, така продолжува и да се однесува“,

Инаку, Апасиев прашан околу поддршката од Левица ако Африм Гаши биде избран за претседател на Собранието, рече дека шесте пратеници на Левица би дале бланко поддршка на ВМРО-ДПМНЕ само да не биде „повторно косовизиран македонскиот парламент“.

„Ние би дале поддршка од нашите шест (пратеници) да не биде Албанец претседател на Собранието. Еве, отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка на невидено само да не биде косовизиран повторно македонскиот парламент“,рече Апасиев.



Слично

Поврзани вести