Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски го разреши Рамадани за коалициска непослушност, ќе бара работа во приватниот сектор

Мицкоски го разреши Рамадани за коалициска непослушност, ќе бара работа во приватниот сектор

Хаким Рамадани потврди дека е разрешен од функцијата директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски рече дека тој ќе биде симнат од функција поради коалициска непослушност, откако со кандидатот на ДУи заминаа заедно во странство да бараат гласачи-иселеници за локалните избори во Брвеница.

По поразот во трката за градоначалник на Брвеница и откако беше разрешен од функцијата директор, Рамадани од ВЛЕН вели дека останал невработен. Рамадани вели дека бара работа во приватниот сектор.

„Од денес сум невработен. Јас сум дипломиран економист. Барам работа само во приватни компании!“, напиша Рамадани на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести