Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски го предложи, Панчевски ја прифати поканата да биде на чело на СЈО

Мицкоски го предложи, Панчевски ја прифати поканата да биде на чело на СЈО

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера го предложи поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, да биде нов шеф на Специјалното јавно обвинителство, а тој денеска ја прифати поканата.

„Едните се за, другите се против, предлогот е добар само доколку зад тоа стои народот на јавни и непосредни избори, само тогаш ќе има гаранции за еднаква правда за сите!“ напиша Панчевски на својот профил на Фејсбук.

Панчевски во моментов е суспендиран од работа поради злоупотреби на АКМИС системот и манипулирање со делегирањето на судии во случаите на СЈО.

Мицкоски вчера коментирајќи го предлогот Вилма Русковска од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да биде на чело на ова обвинителство даде и свој предлог.

- Вториот дел од мојот одговор е таканаречениот репрезент на Рускоска обвинителството. Тоа е исто како сега ние да предложиме човек кој навистина има репутација и кредибилитет, кој е биран со години за најдобар меѓу луѓето кои се репрезенти во таа фела. Тоа е господинот Владимир Панчевски. Зошто тоа да не е човекот кој ќе го води тоа одделение или обвинителство, рече во една прилика Мицкоски.

Слично

Поврзани вести