Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски го поздрави потпишувањето на денешниот Протокол за прием во НАТО

Мицкоски го поздрави потпишувањето на денешниот Протокол за прием во НАТО

Претседателот ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го поздрави денешното потпишување на Протоколот за прием на Македонија како 30-та членка во НАТО во седиштето во Брисел.

Сепак, тој во разговор за МИА по средбите во Европскиот парламент додава дека пред пристапниот протокол цената за да се стигне до истиот е платена недостоинствено од премиерот Зоран Заев.

„Секој успех на Република Македонија го поздравувам иако Заев го направи на недостоинствен начин, тргуваше со нешто што минатите генерации го платиле со своите животи, и го направи тој чин недостоинствен, но секој процес што значи подобрување на животот на сограѓаните го поздравуваме“, изјави Мицкоски за МИА.

Никола Димитров, министерот за надворешни работи, треба да одржи говор во Брисел а а ополномоштените амбасадори на членките на Алијансата да го потпишат документот со кој Македонија пристапува во НАТО пред тиа да биде ратификувано од секоја земја посебно.


Слично

Поврзани вести