Мицкоски го пофали МАНУ откако не дозволи промена на името
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во Радио Лидер ја пофали Македонската академија на наукитеза одлуката да одбијат да го променат името.
Владата неодамна до Собранието испратила предлог закон Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ да се преименува во Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија. Откако мнозинството академици го отфрлиле овој предлог, Владата го повлекла од Собранието законот за преименување на институцијата.
Засега во Владата остануваат на ставот дека ќе мора да се најде решение за МАНУ која како државна институција, велат, е должна да го почитува Преспанскиот договор.
Апсолутно им честитам, ја имаат нашата поддршка и како политичка партија и како пратеничка група во рамките на Парламентот. Се покажа дека пркосoт резултира со пораст на предавството и апсолутно им честитаме на тие академици кои што застанаа, тоа мнозинство иако морам да кажам дека има такви кои што не се достојни знаете да ја носат титулата академик кои што не ги сфатија потребите на овој народ,тоа го охрабри народот – кажаа Мицкоски.
За Мицкоски овој потег е едно освежување, односно охрабрување дека „не се сите бродови потонати“.
Јас вчера покрај се што се случуваше во државата чувствувам еден вид освежување, охрабрување дека навистина можело, дека не се сите бродови потонати и овие луѓе од Академијата ја имаат нашата поддршка. И како човек и како нивен колега ќе ги поддржам бидејќи доаѓам од таа академска средина – рече тој.
