Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски го поднесе законот за државна управа, промени во министерствата по скратена постапка

Мицкоски го поднесе законот за државна управа, промени во министерствата по скратена постапка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како актуелен пратеник, ги поднесе измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа за да може да се изгласа новата реорганизирана влада и да се изберат нејзините членови. 

Законот со кој ќе се формираат нови министерства, како што кажа Мицкоски, ќе се носи по скратена постапка и очекува да биде изгласан уште во понеделник или вторник.

За истиот ќе биде потребно двотретинско мнозинство, но лидерот на победничката партија на минатомесечните парламентарни избори не кажа детали од каде „условно кажано“ ќе најде поддршка од уште неколку пратеници.

Седницата за измените на Законот, според собраниски извори, треба да се одржи во петок на 7 јуни, а потоа работата да се пресели во собраниските комисии. Мицкоски ги повика сите 120 пратеници да ги изгласаат измените.

„Ова беше изборно ветуивање, идентично на она кое го дадовме дека идната Влада ќе биде со опозициските партии (без ДУИ). Со овој нов закон, кој е доставен до архивата, се предвидува формирани и реорганизирани определен број на министерства.

Не живееме во стереотипи. Стереотипите се минато. Сите имаме заедничка цел - како да направиме подобро место за живеење на нашите граѓани. Кредибилитетот и легитимитетот ни го дадоа граѓаните на изборите, а тоа се реформите во сите аспекти“, рече Мицкоски.

Со измените ќе се формира министерство за економија и труд, министерство за демографија, социјала и млади, министерство за спорт, министерство за рударство и енергетика, министерство за култура и туризам, министерство за дигитализација и министерство за администрација. 

Слично

Поврзани вести