Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски го обвини Ковачевски дека изигрува мачо - мен

Мицкоски го обвини Ковачевски дека изигрува мачо - мен

Ковачевски изигрува мачо - мен, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Рече дека премиерот Димитар Ковачевски си игра мачо - мен, демек одредува дали ќе има или не предвремени избори, тој кажува кога ќе биде датумот, па кажува дека нема да има лидерска средба туку можело работни групи.

„Еве нема предвремени избори. На 8 мај в година не се предвремени, редовни избори се. Да, му признавам, секоја чест, како тој што кажа, така излезе. Еве како тој што ќе каже и датум и ден кој што ќе го каже, тогаш ќе се сретнат тие работни групи. Само нека се сретнат и нека разговараат. Тоа што тие ќе го предложат, тоа ќе го разговараме. Еве ние ништо веќе не коментираме затоа што се плашам дека што и да кажам, неговите советници ќе му кажат: Е, сега Христијан ќе каже, има ти да кажеш. Ти треба да бидеш тој кој што е мачо политичар. Еве тој нека биде. Еве ние ќе слушаме и како тој ќе каже, така нека биде“, рече Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш го повика Ковачевски да го определи датумот за изборите и местото и времето за средба на работните групи. Премиерот Ковачевски обвинува дека опозицијата ги менува ствоите ставови.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести