Мицкоски го објави составот на новиот Извршен комитет
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа седница на која беа донесени клучни одлуки за понатамошно јакнење и модернизација на партијата.
Како што истакна премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, Централниот комитет одлучил за избор на нов Извршен комитет, кој претставува спој на искуство и нова енергија, преку комбинација од членови од претходните состави и новоизбрани кадри. Вели дека овие одлуки се јасен сигнал дека партијата се менува и се прилагодува на новите политички и општествени предизвици.
За нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки. Членови на Извршниот комитет се: Александар Николоски, потпретседател на Владата и министер за транспорт; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Гордана Димитријевска-Кочовска, министерка за финансии; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија; Никола Мицевски, координатор на пратеничката група; Луке Галевски од Кабинетот на Владата; потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски; пратеничките Дафина Стојановска, Рашела Мизрахи и Ели Панова; националниот координатор за демографија Влатко Ѓорчев; градоначалниците Кирил Пецаков, Орце Ѓорѓиевски и Онер Јакуповски; Марија Андоновска; Игор Јанушев; портпаролката на Владата Марија Митева; Благоја Ташаминов; Драгана Бојковска; Синиша Стојановски; министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски; Филип Поповски и директорот на Царина, Бобан Николовски.За организациски секретар е избран Ивица Томовски, а Владимир Гнеловски продолжува да ја извршува функцијата шеф на кабинетот на претседателот и на Владата, како и шеф на кабинетот во рамки на ВМРО-ДПМНЕ.
фото принтскрин
