Мицкоски го искоментира изборот на Пендаровски: Поданик на Заев
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска при посетата на Охрид го искоментира изборот на СДСМ како и владините коалициони партнери на Стево Пендаровски, а кандидатот за претседател на земјата го оквалификува како „поданик на премиерот Зоран Заев“.
Мицкоски денеска изјави дека премиерот Заев стои зад неговиот избор.со коментар дека се работи за „традиционална матрица што ја пустошеше Македонија во изминативе 27 години.“
„Заев на деспотски начин го одбра кандидатот, пред јавноста правеше реално шоу, некакви конкурси, но на крај пресече деспотот, го донесе својот поданик. На 5 мај Македонија ќе добие претседателка на сите граѓани во Гордана Силјановска – Давкова“, рече Мицкоски.
Слично
