Мицкоски гласаше во Влае а ова го порача по оствареното граѓанско право
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски правото на глас го оствари во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае.
Тој по гласањето во изјава за медиумите кажа дека граѓаните треба да бидат гласни, треба со ливчето и со пенкалото во рака зад гласачката кутија масовно да излезат и одлучат еднаш засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија.
„Да победи правдата. Граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата, невладеењето на правото, немањето демократија во државата, нечесните политичари наспроти честитоста, искреноста и принципиелноста“, изјави Мицкоски.
Тој рече дека очекува демократски ден каде граѓаните масовно ќе излезат и ќе се изборат за правдата наспроти оваа неправда која е секојдневие, наспроти т.н. лагите што ни ги пренесуваат политичките елити во државата и што се на власт.
