Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски ги повикал на средба барателите на негова оставка, тие одбиле

Мицкоски ги повикал на средба барателите на негова оставка, тие одбиле

Една помала група на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои наместо да се фокусираат на борбата против Зоран Заев, одбраа да служат на неговите интереси и денес, кога уште не е изгласана новата Влада на Заев, со стари и компромитирани транзициски кадри побараа нов конгрес и дадоа изјава пред седиштето на партијата.

Вака денеска изреагираа , реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на членови кои побараа оставка на Мицкоски и конгрес.

„Во насока на транспарентноста тие веднаш беа поканети на средба со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството, при што тие за жал не изразија подготвеност за отворена и конструктивна средба, бидејќи немале таква насока. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ е организирана и демократска партија, при што истите ги повикуваме нивната иницијатива да ја достават до партијата и таа ќе биде разгледана од Централниот Комитет на партијата“, потенцираат од партијата.

Оттаму додаваат дека за ВМРО-ДПМНЕ наместо интригантските игри на „Мериот“ коалицијата која им служи на интересите на Заев, поважна е борбата против катастрофалното управување на државата.

„Тоа е главниот приоритет за партијата и ВМРО-ДПМНЕ и во иднина нема да се занимаваме со нивната намена да ја ослабат партијата и да помогнат на партијата на власт“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести