Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски ги испрати биографиите на кандидатите за министри до Собранието

Мицкоски ги испрати биографиите на кандидатите за министри до Собранието

Во Собранието пристигнаа предлозите за нови министри од редовите на коалицијата Вреди, потврдија од законодавниот дом. 

По договорот во владејачката коалиција, премиерот Христијан Мицкоски ги испратил биографиите на кандидатите за нови министри пред пратениците, а набрзо тие треба да бидат изгласани. 

Неофицијално, за министер за животна средина и просторно планирање е предложен Мухамед Хоџа кој беше портпарол на претходната влада. На местото на актуелниот министер за евроинтеграции Орхан Муртезани доаѓа Беким Сали, кој ќе биде и кандидат за функцијата прв вицепремиер. Муртезани пак, е предложен за амбасадор на Македонија во Брисел.

Башким Бакиу кој беше кандидат за градоначалник на Скопје пак, ќе биде предложен за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу, кој треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации.

По пристигнувањето на предлозите до Законодавниот дом, се очекува спикерот Африм Гаши да закаже седница на која ќе се бираат новите кадри на овие позиции.

Собранието на првата наредна седница ќе го стави на дневен ред разрешувањето на Муртезани за тој да биде избран за амбасадор, но за изборот на новите имиња нема да се брза, бидејќи не е пропишан рок до кога треба да бидат избрани по поднесувањето на предлозите.

Слично

Поврзани вести