Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Европската и македонската јавност видоа дека во 21. век во Европа ние се бориме за идентитетски прашања

МИЦКОСКИ: Европската и македонската јавност видоа дека во 21. век во Европа ние се бориме за идентитетски прашања

Според премиерот Христијан Мицкоски, европската и македонската јавност видоа дека со Бугарија не е проблемот во тоа да се стават неколку стотини Бугари во Уставот, туку дека се работи за идентитетски прашања. 

„Ова прашање сега ќе се покрене пред НАТО на Самитот во Хаг и на сите следни сесии во НАТО, дали некоја членка на Алијансата попречува друга земја членка во евроинтеграцијата и со тоа ја загрозува регионалната безбедност“, изјави Мицкоски.

Тој зборуваше за усвоениот извештај на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент, на европратеникот Томас Вајц во кој се потврдуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, а за кој бугарските европратеници правеа опструкции со амандмани.

„Беше жестока борба за да се надмине оваа пречка, која и не би требало да постои. Ако ги слушате пораките од политичари од Брисел, велат дека идентитет и јазик никогаш не се предмет на разговори, дека тоа се бетонирани, затворени теми, но, видовме дека не е така. Европската и македонската јавност видоа дека во 21. век во Европа ние сè уште се бориме за идентитетски прашања, за нашиот мајчин јазик итн“, рече Мицкоски.

За Извештајот гласаа 49 пратеници, наспроти 19 кои беа против, а 10 беа воздржани. Извештајот се очекува да се најде на пленарна седница на Европскиот Парламент помеѓу 7 и 11 јули.

фото Влада

Слично

Поврзани вести