Мицкоски: Еве зошто немаме независно судство и зошто со Заев нема да не биде
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски образложи зошто немаме независно судство и зошто Македонија не е правна држава.
Тој наведе неколку факти поврзани со оваа тема.
„Зошто сме 111-ти по корупција и најлоши во Европа; И зошто со Заев нема да не биде. Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком Тања Чачарова Илиевска, сега претставена за независен експерт и предлог за член на Судскиот совет. Ова се тие европски вредности на Заев“, пишува тој на Фејсбук.
Реакции има за пресудата за „Тортура“. Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков беше ослободен за апсењето на екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.
фото Фејсбук
Слично
