Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: ЕУ да го испрати претставникот на Бугарија на кафе

Мицкоски: ЕУ да го испрати претставникот на Бугарија на кафе

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски, денеска пред медиумите рече дека Европската унија, доколку сака, може да одреди датум за преговори со Македонија во секое време. За тоа подвлече паралела со примерот со Украина која доби одлука за отворање на преговори со Брисел во декември. Мицкоски побара да нема консензус за Македонија,како што немало ниту за Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц тогаш му предложи на унгарскиот премиер Виктор Орбан „да се напие шолја кафе надвор од просторијата“, каде што лидерите на Европската Унија одлучуваа за отворање на преговорите со Украина. Шолц го изнел таквиот предлог за Орбан пред насобраните колеги на самитот на ЕУ, по што унгарскиот премиер ја напушти салата, отворајќи пат за историската одлука на Унијата да отвори преговори со Украина, пренесува „Политико“.

„На последниот самит во декември, видовме дека правилото на консензус не важи и да не го користат како аргумент, туку да го замолат бугарскиот претставник да ја напушти просторијата и да отиде во некоја друга просторија да се напие кафе или нешто друго“, рече Мицкоски денеска пред новинарите.

Мицкоски упати порака до Брисел дека е дојдено време „Европа конечно да му каже на овој народ што планира со оваа држава“.

„Ние сме за почитување на Копенхашките критериуми, а не на билатералните спорови. Ние сме за почетување на човековите права, нешто што нашиот источен сосед не го почитува. Имаме 14 пресуди од Стразбур кој не сака да ги примени и работи против одлука на европска институција“, истакна Мицкоски.


Слично

Поврзани вести