Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Eкономијата тоне, а народот е осиромашен

Мицкоски: Eкономијата тоне, а народот е осиромашен

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се понуди како професор да му одржи лекција по економија на премиерот Зоран Заев. 

„Господине Заев бидејќи народот ја гледа и чувствува вашата лекција полна со криминал, терор, бизниси по теркот евро за Вицето, евро за црквата и патем фалење дека на истиот принцип се завршиле и земјиштата на „Ваанто, Сашeто и она зад Мирчо Свињарнико“, неспособност, незнаење и владеење со страв, сега јас како професор со повеќегодишно искуство да Ви ја кажам мојата, онаа вистинска, која ја споделува целата јавност, економијата тоне, а народот е осиромашен“- напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој вели дека има огромна задолженост, скоро и да нема капитални инвестиции, народот помалку троши зашто нема пари, а странските инвестиции се намалени.

Заев претходно рече дека Мицкоски не се снаоѓа добро кога зборува за економијата и му нуди лекции на економски план.

Слично

Поврзани вести