Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски е инфициран со коронавирусот и нема да оди во посета на Општина Маврово и Ростуше

Мицкоски е инфициран со коронавирусот и нема да оди во посета на  Општина Маврово и Ростуше

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е заразен со коронавирус и ја откажува денешната посета на Општина Маврово и Ростуше, информираа од партијата.

Тој развил симптоми на ковид-19, по што направил брз антигенски тест, кој покажал позитивен резултат. Од партијата додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе направи и дополнителен ПЦР-тест. Мицкоски во изминатиов период имаше зголемени активности поради дополнителните избори за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за членови на Советот на Општина Тетово, кои треба да се одржат на 20 август. Тој е вакциниран и претходно ја прележа болеста, а беше и на лекување на Инфективната клиника. 

Претходните три дена во земјава имаше 889 заразени. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести