Мицкоски: ДУИ не само што ја поседува СДС, туку и претседателот Пендаровски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ДУИ ги „киднапирало“ премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Според него, имаме власт која е во распаѓање, односно тотална анархија во институциите.
„Премиер кој наутро си пишува оставка и вели доста е, не можел да го издржи притисокот. Попладне доделува тендери, а навечер говори за тоа како ќе ја спасел Македонија и ќе ја внел во Европската Унија. Ниту неговото членство во него не гледа сериозен фактор, затоа што тие и не знаат кој вистински им ја води партијата. Но, да бидам искрен, кој и да е, едно е сигурно, најголемото влијание во СДС има и со Бихаќка управува Речица. СДС е киднапирана партија и слуга на вистинскиот и најголем партнер во владата, а тоа е ДУИ која 20 години е власт и со тек на годините станаа криминализирана група силно вмрежена и ухлебена во државните институции“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека и не само ДУИ што ја поседува СДС туку им го поседува и претседателот на државата Пендаровски.
фото Фејсбук/ Христијан Мицкоски
