Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија која вели дека ќе има бришење на „балансерот“

МИЦКОСКИ: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија која вели дека ќе има бришење на „балансерот“

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија за реформи во јавната администрација, која вели дека ќе има бришење на „балансерот“. 

Мицкоски рече дека ДУИ во опозиција го демантира ДУИ на власт.

„Сега кое ДУИ ја зборува вистината? Тоа кое што жонглира по канцеларии и гласа вакви реформи во јавната администрација каде што се брише „балансерот“ или ова ДУИ во опозиција кое што грчевито се обидува на национална тема да мобилизира луѓе и да направи протести по можност насилни и да ја дестабилизира Македонија со една цел да ги заштити парите коишто ги имаат натрупано овие 20 и неколку години додека беа дел од власта“, рече премиерот. 

Уставен суд го укина балансерот, за што имаше бурни реакции.  Сепак, многу политичари упатија критики дека националноста не треба да биде критериум за вработување, туку стручноста. Во земјава беа откриени и случаи кога лицата менувале националност само за да се вработат. 


фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести