Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Доказ немам, но Кастриот Реџепи беше киднапиран

Мицкоски: Доказ немам, но Кастриот Реџепи беше киднапиран

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски верува дека пратеникот Кастриот Реџепи бил киднапиран, иако нема докази за тоа. 

Вели дека киднапирањето на пратеник на денот на гласање доверба на Владата во Собранието не може и не смее да се припишува како неуспех на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доказ немам, но Кастриот Реџепи беше киднапиран“, рече  Мицкоски во гостување на Телма.

Додаде дека тој доброволно се потпишал на списокот за пад на оваа влада, и тоа под имињата на Борислав Крмов и Димитар Апасиев од Левица.

„Сега вели дека не знаел дека и тие се потпишани“, рече Мицкоски. 

Реџепи не дојде на седницата за гласање доверба на Владата, по што партијата БЕСА го исклучи. Тој потоа изјави дека имал закани, и дека на денот на гласањето се засолнил кај пријател. 

Слично

Поврзани вести