Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Додека сум премиер, нема да има промена на Уставот

Мицкоски: Додека сум премиер, нема да има промена на Уставот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека е подготвен да разговара со бугарските власти, но ставот на Владата е познат, како и црвените линии.

„Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно никој да очекува дека оваа Влада, додека јас сум премиер, одеднаш ќе каже дека она што досега го кажавме не е валидно, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени. Барем додека сум јас премиер. Ако дојде некој друг, нека се залага за поинаква политика“, одговори Мицкоски.

Според него, додека е премиер, „такви предавства и капитулации нема да се случат“.

Инаку, европскиот пат на Македонија зависи од внесувањето на Бугарите во Уставот. ЕУ бара реформи, но и уставни измени за да може земјава да ги почне преговорите со ЕУ. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести