Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски до Заев за 27 април: Вие сте најдобар другар со вратарот

Мицкоски до Заев за 27 април: Вие сте најдобар другар со вратарот

На дуелот на ТВ 24 претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека не мкже лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да држи лекции за правосудството. 

Тој обвини дека од ВМРО-ДПМНЕ го гледале само личниот интерес и парите. 

„Вие сте најдобар другар со вратарот, вие му делите тендери ширум Македонија“, врати Мицкоски, мислејќи на Крсто Мукоски кој помогна да се отворат вратите во Собранието на „крвавиот четврток“. 

Мицкоски го спомена и Бојан Јовановски, осуден во случајот „Рекет“, кој во судница кажа каде завршиле парите. 

На ова Заев, врати дека партијата на Мицкоски нелегално се финансирала. Му рече дека еден ден за тоа ќе одговараат. Тврди дека времињата се сменети и дека сега законот важи за сите. 

Слично

Поврзани вести