Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски до Вархеји: Eдинствената црвена линија која е помината е линијата на достоинството

Мицкоски до Вархеји: Eдинствената црвена линија која е помината е линијата на достоинството

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му одговори на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и кажа дека во Македонија е помината само црвената линија на достоинството. 

Откако Вархеји ја обвини македонската опозиција дека ги поминала црвените линии на демократијата, работејќи против францускиот предлог и неговото палење во Собранието, Мицкоски порача дека неговата партија ги штити интересите на народот кој е нападнат, како што рече од асимилаторски потреби на земја членка на ЕУ.

„Овојпат да, морам да признаам дека во нешто се сложувам со господинот Вархеји, иако го разбирам, неговата цел не е да сочувствува со нас, неговата цел е да си ги заврши работите, а наша цел е да ги одбраниме од асимилација тие работи. Затоа сакам да кажам дека ВМРО - ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да го штити македонскиот идентитет затоа што единствената црвена линија која е помината е линијата на достоинството“, вели Мицкоски. 

Вархеји кажа дека палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета

Во македонското Собрание, пратениците од опозицијата го критикуваа францускиот предлог. Но, и во Бугарија пратеници провоцираа со транспаренти на кои пишуваше „Македонија е Бугарија“. 

Слично

Поврзани вести