Мицкоски до Ромите што протестираа синоќа: Ќе следува жесток одговор за нарушување на мирот
МВР интензивно започна со одземање на возилата на сите оние кои биле фатени како управуваат без возачка дозвола, по што синоќа во неколку градови граѓани од ромска националност одржаа протести, а премиерот Христијан Мицкоски денес најави жесток одговор по вчерашото палење оган поради „Безбеден град“
- Ќе биде одговорено жестоко, за да не се повтори вчерашното дивеење што се случи, кажа премиерот за протестите на дел од граѓаните од ромска националност
За протестите и блокадите на неколку патишта во земјава од страна на граѓани од ромската заедница и критиките кон проектот „Безбеден град“, премиерот Христијан Мицкоски вели дека утрово разговарал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и побарал од него да биде санкциониран секој оној кој јавно упатил закани и го загрозил мирот и безбедноста.
- Она кое што го побарав од него е кон секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал и го загрозил мирот на граѓаните, жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко, за да не се повтори вчерашното дивеење што се случи, кажа премиерот по одбележувањето на 4 февруари – Денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
