Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски до Османи: Ние сме за НАТО и ЕУ

Мицкоски до Османи: Ние сме за НАТО и ЕУ

Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ, реагираше на прашањетото упатено од вицепремиерот Бујар Османи дали оваа партија има искрен став дека е за влез на Македонија во ЕУ и НАТО и конечно да го соопшти својот избор.

Oпозицијата се одлучила многу пати во минатото и еве ќе го повторам нашиот став дека опозицијата цврсто чекори кон патот на евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Но, ако некој очекува од опозицијата да застане рамо до рамо со овие кои што ја потпишаа оваа капитулација, тогаш во најмала рака е премногу претенциозно да се очекува такво нешто од страна на опозицијата, изјави денеска Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Опозицијата го поддржува евро-атлантскиот пат на Република Македонија од самото нејзино формирање како политички субјект. ВМРО-ДПМНЕ е на таа траекторија и нема отстапување од таа траекторија. Но, истовремено опозицијата е свесна дека во услови кога целата македонска јавност и меѓународна заедница гледа како премиерот бара мито од повеќе 100-тици илјади евра, кога гледа дека Македонија е цврсто закована на дното по сите економски параметри во Европа, кога гледа дека нема реформи по ниту еден основ и во ниту една област во Република Македонија веќе повеќе од 13 месеци, тогаш на опозицијата ѝ е јасно дека и покрај ова капитулантско дело, евро-атлантска иднина за Република Македонија нема. Најмалку што треба сите оние министри што се занимаваат со евро-атлантските интегративни процеси на Република Македонија поради ова фијаско што го направија на дипломатски план од морален чин да поднесат оставка веднаш“, рече Мицкоски.


Слично

Поврзани вести