Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски до опозицијата за Изборниот законик Кажете што сакате, ние ќе прифатиме, само да се внесе гласањето на дијаспората

Мицкоски до опозицијата за Изборниот законик Кажете што сакате, ние ќе прифатиме, само да се внесе гласањето на дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски ја обвини опозицијата дека сè уште нема усогласен став за измените на Изборниот законик, иако, како што рече, рокот за завршување на реформските чекори е продолжен до средината на јули.

Тој посочи дека Владата бара во измените да биде опфатено и гласањето на дијаспората, особено за иселениците во прекуокеанските земји, кои според него сега тешко го остваруваат своето право на глас.

„Од страна на владејачката група на пратеници во Парламентот имаме усогласен став којшто вели, кажете што сакате, ставете го на хартија, ние ќе го прифатиме. Само да биде содржано гласањето на дијаспората. Една изборна, една изборна. Повеќе пари, повеќе пари. Еве ние ќе намалиме од кај нас иако сме најголема политичка партија, нека биде за нив, немаме никаков проблем“, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека до денеска нема повратен одговор од опозицијата, иако, според него, власта била подготвена да прифати нивен предлог доколку во него биде вклучено гласањето на дијаспората.

Тој додаде дека меѓу десетте реформи што требало да се завршат во рокот е и Изборниот законик, а целта е земјата да може да продолжи во следната фаза.

Слично

Поврзани вести