МИЦКОСКИ ДО БУГАРИЈА: Имате Комитет во кој членуваат малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците не заслуживме место?
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да мрдне ниту милиметар додека не види Македонци во бугарскиот Комитет за малцинства. Нема да попушти во однос на уставните измени кои ги бара Бугарија.
„Во Бугарија има Комитет во кој членуваат претставници на малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците кои имаме 14 пресуди во Судот за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула. Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, а за тоа треба сите да работиме, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер на оваа влада“, изјави Мицкоски.
Тој повторно нагласи дека предизвикот со уставните измени односно вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот бил резултат на прифаќањето на францускиот предлог од страна на претходната влада. Сегашната, рече, е во позиција да создава стратегија како да се продолжи евроинтегративниот процес, без нови барања.
Без внестување на Бугарите во Уставот, Македонија не може да продолжи по европскиот пат.
фото Влада
