Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ВО 14.30 ЌЕ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ГЛАСАЊЕ НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА: Собраниската седница ќе се одржи в четврток

МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ВО 14.30 ЌЕ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ГЛАСАЊЕ НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА: Собраниската седница ќе се одржи в четврток

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не очекува премиерот Зоран Заев да поднесе оставка, иако тоа го објави веднаш по објавувањето на резултатите од локалните избори, нагласи лидерот на партијата Христијан Мицкоски, заради што, како што најави, денеска до Собранието, точно во 14.30 часот, ќе поднесе иницијатива за гласање недоверба на актуелната Влада.  

-Во понеделник во 14.30 часот ја поднесувам иницијативата до Парламентот, а потоа останува на претседателот на Собранието да ги почитува процедурите и пропишаните рокови,  изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски

Инаку, Мицкоски уште во петокот соопшти дека има новото парламентарно мнозинство кое го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците/Алтернатива, Беса и Левица, но истовремено ги повика и пратениците од помалите партии од владејачката коалиција да бидат дел од новото мнозинство

Согласно собранискиот Деловник, собраниската расправа за изгласување недоверба на Владата, како и гласањето се одржуваат третиот ден од денот на доставување на иницијативата.


Слично

Поврзани вести