Мицкоски: Денеска е тежок ден за Македонија
Денеска е тежок ден за Македонија, изјави вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за договорот со Грција за името.
Тој вели дека биле тргнати настрана од целиот процес.
Мицкоски рече дека се прифатени сите позиции на грчката страна, а тоа според него е поради неспособноста на премиерот Зоран Заев и неговата дипломатија.
Потсети дека Заев беше против промена на Устав, но на крај го смени мислењето.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Устав.
Слично
