Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ДАДЕ ОДГОВОР ЗОШТО СТОИЛКОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО КОСОВО: Гореше од желба да дојде, но не стигна поради обврски

МИЦКОСКИ ДАДЕ ОДГОВОР ЗОШТО СТОИЛКОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО КОСОВО:   Гореше од желба да дојде, но не стигна поради обврски

Премиерот Христијан Мицкоски го оправда вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ кој денеска не отиде со нив во Приштина во Косово. 

Рече дека тој „горел од желба да биде во Приштина, но бидејќи ја поместиле владината седница, поради оправдани обврски, не е денеска дел од меѓувладината средба“. Мицкоски објасни дека првично меѓувладината седница била закажана за петок 15 ноември.

„Затоа неговиот заменик, господинот Неждет Мустафа е тука и имаше прецизна и јасна дискусија со неговиот хомолог од косовската влада“, вели премиерот. 

Мицкоски порача дека „ние како држава и како Влада сме го кажале ставот што е Косово и тоа меѓу првите во светот“.

Владите на Македонија и Косово денеска имаа заедничка седница во Приштина. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести