Мицкоски: Да се мобилизираме и да им го нанесеме најголемиот пораз
И секоја наредна средба, и четврток и петок, и сабота да ни се придружите овде, низ улиците, низ булеварите и плоштадите, низ штабовите на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија, да се мобилизираме и да им го нанесеме најголемиот пораз, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протест пред Владата.
Мицкоско рече дека ветувале откуп, но земјоделците го фрлија родот или не го ни обраа.
„Драги пријатели, сите овие црнила се наш, заеднички непријател“, вели Мицкоски.
Кажа дека од ден на ден им се придружуваат многу луѓе.
„Да ги примиме сите без разлика на нивната етничка припадност, без разлика дали се Албанци, Турци, Роми, Срби. Имаме заедничка задача, а тоа е како да го поразиме Зоран Заев и СДСМ“, вели тој.
Присутните со себе носат најразлични транспаренти од типот на „Црни Заев“ или „Изгреј зоро“, се слушаат звуците на химната на ВМРО-ДПМНЕ и други патриотски песни и се скандира „Македонија“, „ВМРО-ДПМНЕ“ и „Оставка“.
Ист ваков протестен марш ВМРО-ДПМНЕ организираше и минатата недела.
