Мицкоски: Да ги видиме вредностите на ЕУ, да примиме Авганистанци колку нејзините членки
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, останува на ставот дека Македонија треба да прими онолку Авганистанци колку што примаат земјите-членки на Европската унија.
За претседателот на најголемата опозициска партија е неприфатливо Македонија да прима повеќекратно поголем број на Авганистанци од Хрватска и Словенија, кои според Мицкоски, се понапредни земји на секое поле.
- Да ги видиме вредностите на членките на ЕУ што ги заговараше Аденауер, Де Гаспери и Шуман, па тогаш да реагираме и ние, рече Мицкоски денеска пред новинарите.
Првата група од 149 бегалци oд Авганистан пристигна во Скопје доцна вечерта на 30 август. Една од жените која допатува бремена, се породи и има машко бебе.
Слично
