Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Честитки за јунаците кои со срце покажаа дека Македонија може големи работи

Мицкоски: Честитки за јунаците кои со срце покажаа дека Македонија може големи работи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им честиташе на македонските фудбалери за победата над Грузија и пласманот на Европското првенство.

„Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува. Да ги поддржиме и ракометарите кои вечерва играат со Финска, да извојуваме уште една голема победа! Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци. Напред Македонијо“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Победничкиот гол го даде Горан Пандев. 

Во Скопје се слави за историскиот успех. 

Слично

Поврзани вести