Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски цензуриран од ВМРО-ДПМНЕ!?

Мицкоски цензуриран од ВМРО-ДПМНЕ!?

СДСМ соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ во официјалното видео од вчерашниот протестен марш на партијата во Кичево го цензурирала говорот на лидерот Христијан Мицкоски со тоа што го избришала моментот во кој тој вели „Кој е Мицкоски да му каже на народот што треба да прави“?

Според контекстот, лидерот со таа реплика ги доведува во прашање своите лидерски способности и избегнува политичка одговорност.

Сепак, партијата интегрално го пренесе говорот на својот сајт, на кое стои фамозното реторичко прашање.


„ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е без политички компас, дека нема јасен правец на делување и дека е во тотална конфузија, и тоа токму во еден од најважните периоди за иднината на Македонија.  

ВМРО-ДПМНЕ го цензурираше говорот на нивниот претседател Христијан Мицкоски. 

(Говор на Претседателот Христијан Мицкоски Кичево 02 09 2018, околу 33 минута)

Од говорот на Мицкоски на официјалниот канал на ВМРО-ДПМНЕ цензурирани се  неколку реченици кои побудија најголем медиумски интерес. ВМРО ДПМНЕ го цензурираше Мицкоски  која самиот за себе вели: „Кој е Мицкоски да му каже на народот што треба да прави?“

Партија што се автоцензурира и менува сопствени содржини, покажува дека нема јасни ставови, дека во неа владее целосна конфузија, дека не го почитува ниту сопствениот збор ниту граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од владеачката партија ја повикуваат опозицијата да се изјасни со позитивен став за референдумот на 30 септември и да го повикаат членството на излезност.


Слично

Поврзани вести