Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Бујар Османи закова шајки во белите дробови, рацете и нозете на македонскиот идентитет

МИЦКОСКИ: Бујар Османи закова шајки во белите дробови, рацете и нозете на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Бугарија сака преку политички инженеринг да создаде нова македонска нација и нов јазик, а поранешниот министер за надворешни работи Бујар Осамни со нож удрил во белите дробови и заковал шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет.

Мицкоски во одговорот изрази жалење што нашиот сојузник во НАТО, Бугарија така се однесува.

„Но, тоа го оставам на останати членки-сојузници да сфатат. Изразувам жалење бидејќи да се користи како политичко оружје членството во НАТО, во ЕУ или интеграцијата на земјата во ЕУ, а да се решаваат билатералните прашања од пред неколку векови, претставува несмасна дипломатија. Но, така одлучила бугарската дипломатија и политичката сцена. Единствено нешто што нас ни беше важно во овие година дена е да светот разбере дека не е суштина да ние во Уставот  додадеме Бугари. Односно, согласно на последниот Попис, нешто повеќе од 800 граѓани кои што се дел од бугарската заедница и велат дека бугарскиот јазик е нивен мајчин јазик“, вели Мицкоски. 

Според него, Македонија нема друга опција туку да се бори до крај.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести