Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Бугарските политичари да се извинат во Скопје како Вили Брант

Мицкоски: Бугарските политичари да се извинат во Скопје како Вили Брант

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот протест пред Владата од политичарите од бугарскиот државен врв побараа да го следат примерот на поранешниот германски канцелар Вили Брант и да се извинат за злосторствата од Втората светска војна.

- Ако мислите дека пронајдовте Квислинг и квислингшка влада, се лажете. Од нашата колективна меморија и срца нема да ја избрише колективната историја. Христијан Мицкоски не предводи антибугарска хистерија, При првата посета во Скопје, кај споменикот на паднатите борци на НОБ да го следите примерот на Вили Брант, да клекнете и да се извините, порача лидерот на најголемата опозициска партија.

Инаку Брант како канцелар се поклонил на жртвите на фашизмот во Варшава во 1970 година

- Заев е подготвен да ја плати секоја цена, ама тоа нека го плати со туѓи синови и ќерки. Се откажа од антифашистичкото слободарско наследство. Тоа го ветил во Софија, но тие одговараа дека тоа не е ништо туку само измислица во главата на вмровците, но ете не било така. Заев подготвува национален пораз, но од секој еден од вас зависи дали тоа ќе го дозволиме.

Во оваа битка потребен е народ. Младо и старо, машко и женско. Деновиве ако не се спротивставиме, ќе биде предоцна. Мора да дадеме отпор со сета сила и покрај тешките услови, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој побара влада на национален спас, односно експертска влада за препродување на кризата.


-

Слично

Поврзани вести