ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Бугарија врши притисок врз Македонија како Русија врз Украина

МИЦКОСКИ: Бугарија врши притисок врз Македонија како Русија врз Украина

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Бугарија врши притисок врз Македонија како Русија врз Украина. 

Според него, светот и Европа виделе која е целта на Бугарија.

„Целта не се разликува во ништо од целта на руското раководство во Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и идентитетски инженеринг, нешто што најмалку треба да се случува во 21 век во Европа и тоа од земја членка во ЕУ. Наместо да подадат рака, да нѐ поддржуваат во патот, што е дел од Договорот за добрососедство, еве гледате. Целта не е стотици граѓани да бидат дел од Уставот, туку е подлабока и поопасна“, рече Мицкоски.

Вели дека ЕУ го губи имиџот со Бугарија.

Бугарско-македонските односи пак се напнати откако деновиве властите во двете земји си разменија навреди. Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот. 

ad
Слично

Поврзани вести