Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Блиски на Заев пропагираат антисемитизам против Мизрахи

Мицкоски: Блиски на Заев пропагираат антисемитизам против Мизрахи

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на својот профил на Фејсбук денеска објави дека блиски соработници на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пропагираат антисемитизам против техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

„Заев ветуваше едно општество за сите, ама тоа само пред камерите, а во реалноста, оние кои први беа до него ќе напишат дека сме биле "фашистичка партија", згора на тоа вулгарно ќе посочат за Рашела Мизрахи дека "имало и Евреи кои работеле за нацистите". И притоа ваквите навреди и пропагираниот антисемитизам ќе им се допаднат на социјалните мрежи на советниците на Заев кои добиваат плата од сите нас. Згрозен сум од леснотијата со која се прават поделби, се шири говор на омраза кон државата Израел и Еврејскиот народ, и навредите кон ВМРО-ДПМНЕ, зад кои стојат политички мотиви и се стимулирани од партијата на власт. И ова не е првпат, но овој пат е премногу. Фраза едно општество за сите ја претвораат во прогон кон неистомислениците“, напиша Мицкоски.

Тоа според водачот на најголемата опозициска партија и учесник во техничката Влада е омразата и низок удар, како што вели тој, против оние не мислат исто како нив и истовремено побара извинување.

„На крајот од денот, достоинството и честа немаат цена, и таквите навреди говорат за оние кои ги изнесуваат и оние кои ги инструираат, отколку за оној кон кој се насочени. Поддршка и целосна почит за Евреите и Израел која е голем пријател на Македонија. Најмалку што може СДСМ да направи е извинување кон Мизрахи, и кон ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова ќе заврши, но срамот на оние кои денес го земаат знамето на омразата ќе остане. И секако, сето ова нема да ги спаси или да го намали поразот кој им претстои“, додава тој.

Слично

Поврзани вести