Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Телма изјави дека Владата не е задоволна од работата на Судскиот совет и од актуелниот обвинител, Љупчо Коцевски.

„Ние не сме задоволни како Влада од работата на овој Судски совет и на овој обвинител и тоа е наше право да не бидеме задоволни“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека по завршувањето на целиот процес, следува смена на обвинителот.

Тој исто така додаде дека граѓаните акламативно мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро, а буџетот кој го добиваат е поголем од 75 отсто од земјите на ЕУ.

Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, но предупредува дека има одредени политички партии кои, како што вели, се обидуваат да ја злоупотребат маката на оние што ги загубија своите најмили.

Слично

Поврзани вести