МИЦКОСКИ БАРА ОДГОВОРНОСТ: Запалени билборди на кои Заев е со торба „Луј Витон“
Билборди на кои се наоѓа ликот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и торбата „Луј Витон“ се уништени на различни локации.
За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поставените билборди не се оцрнување на кампањата, туку отсликување на реалната состојба во државата.
„Јас не знам, ако вистината го боли тогаш еве нека се разбере тоа како оцрнување“, рече Мицкоски.
Вели дека освен што билбордите се бојадисувале, биле и палени.
Полицијата фати лица кои ги палат овие билборди, кажа Мицкоски.
Ноќеска во 02.20 часот во Бригадата за противпожарна заштита во Скопје е пријавено дека на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов е опожарен билборд.
Пожарникарите веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот.
Во 01.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Васил Ѓоргов“ е опожарен билборд. До билбордот е пронајдено шише во кое имало непозната течност.
