МИЦКОСКИ БАРА ОДГОВОРИ: Кој му се заканувал на Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина во тетовскиот ковид центар
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашува кој му се заканувал на Ибин Емшиу, граѓанин чии татко и брат изгореле во страотниот пожар во тетовската модуларна болница, и кој за Дојче Веле сведочеше дека ќе ја каже вистината, а дека за тоа од тројца луѓе добил закани по жиовот.
„Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипчен - се барале пари за нега на пациент.
Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа.
Прашањето е кој се заканувал?
Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара?
За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност.
Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.
„Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид центар“, раскажува за ДВ Ибин Емшиу, откако во несреќата ги загуби својот татко и брат. Тој е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.
Слично
