Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

МИЦКОСКИ: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

Премиерот Христијан Мицкоски во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, вели дека скопската градоначалничка Данела Арсовска нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на Булеварот „Хасан Приштина“, потенцирајќи дека иако веќе 2 години 10 милиони евра се префрлени на сметката на Град Скопје нема потрошени ниту фенинг од тие средства.

„Е сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра кои што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е Булеварот „Хасан Приштина“ кој што не само што не е почнат две години, туку ниту фенинг не е потрошен“, рече тој.

Тој ја критикуваше Арсовска. 

„Но, факт е дека тој проект не е почнат со реализација и сега кога вие ќе видите дека некои 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка, а не инвестирал ниту фенинг од тие 10 милиони евра, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто па и тие 10 милиони евра не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто кое што е потребно за граѓаните во некои општини коишто се поподготвени“, изјави  Мицкоски.

Проекти на Град Скопје под раководство на Данела Арсовска се одбиени за финансирање од делот од 250 милиони евра во рамки на унгарскиот кредит, по што од таму возвратија попладнево со реакција, обвинувајќи ја за тоа Владата и премиерот Христијан Мицкоски.

Рекоа дека Владата е во секташка ментална состојба. 

Слично

Поврзани вести